DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg е храна за посебна медицинска намена препорачана од европските педијатри за новороденчињата, доенчињата и малите деца.
DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg е наменет за диететско регулирање на рахитис и нарушена функција на видот-ретинопатија.

DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg содржи “twist-off” меки капсули кои се отвораат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.
Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските и забите кај децата како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
DHA-Докозахексаеноичната киселина
е есенцијална полинезаситена масна киселина која не се создава во човековото тело и е потребно надополнување на дневниот внес со DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg.
DHA е главна и исклучително важна структурна маст во мозокот, ретината на окото и нервните клетки:

  • 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е DHA.
  • 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот е DHA.
  • Во целокупната структура на мозокот оваа масна киселина достига до 97% од омега-3 мастите во мозокот и до 93% од омега-3 мастите во ретината на окото.

☑ DHA придонесува за одржување на нормална функција на мозокот
☑ DHA придонесува за одржување на здрав вид.

Една од најголемите промени во текот на бременоста но и по раѓањето е растот и развојот на мозокот и акумулацијата на DHA во нервното ткиво за време на последниот триместар од бременоста и првите две години од животот кај детето. За време на последниот триместар од бременоста, мозокот на бебето расте околу 260% и дополнително уште 175% за време на првата година од животот. Овој раст продолжува со дополнителни 18% за време на втората година.

Докозахексаеноичната киселина(DHA) која се наоѓа во DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg “twist-off” капсулите е од природно растително потекло, добиено од морските алги. DHA маслото од морски алги е произведено во строго контролирани лабораториски услови, прочистено во неколку фази за минимизирање на сите нечистотии и е со пријатен вкус кој ќе биде прифатлив за вашето дете.

DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg е произведен според највисоките стандарди за квалитет.
DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100mg е вашата безбедна и препорачана форма на DHA од масло од алги.

ЕДНА КАПСУЛА СОДРЖИ: 10мкг(400 и.е.) витамин Д3 и 100мг Докозахексаеноична киселина (Масло од алги).
ОСТАНАТИ НЕАКТИВНИ СОСТОЈКИ: желатин, глицерин, прочистена вода, титаниум оксид, тартразин, сансет жолто, амарант.

1 “twist-off” капсула дневно, од 8от ден од раѓање до крајот на 3та година од раѓање.
Доколку новороденчето редовно користи DrLEO® BABY D3+K1 до крајот на третиот месец после раѓање, тогаш се препорачува започнување со DrLEO® BABY D3+DHA Omega од почетокот на четвртиот месец од раѓање.
Доколку е потребно, лекарот може да ја прилагоди дневната доза на витамин Д3 и DHA и да препорача поголема дневна доза.

Свртете и отстранете го горниот дел од капсулата, потоа притиснете ја капсулата и содржината во капсулата истиснете ја директно во устата на бебето, на лажичка, во кашичка или помешана во млеко.
Важно! Внимавајте да не падне капсулата во устата на бебето. Истиснете ја само содржината на капсулата. Празната капсула потоа треба да се фрли.

  • Производот мора да се користи под лекарски надзор.
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза.
  • Производот не треба да го користат деца кои се преосетливи или алергични на некоја од состојките на производот.
  • Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не е наменет како замена за разновидна  исхрана.
  • Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.
  • Да се чува на места недостапни за деца.
  • Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15°Ц до 25°Ц.

30 twist-off капсули.