Dr LEO® BABY DHA Omega 100mg е храна за посебна медицинска намена препорачана од европските педијатри за новороденчињата, доенчињата и малите деца.
Dr LEO® BABY DHA Omega 100mg е наменет за диететско регулирање на нарушена функција на видот-ретинопатија.
Dr.Leo® BABY DHA Omega 100mg содржи “twist-off” меки капсули кои се отвораат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.
DHA-Докозахексаеноичната киселина е есенцијална полинезаситена масна киселина која не се создава во човековото тело и е потребно надополнување на дневниот внес со Dr LEO® BABY DHA Omega 100mg.
DHA е главна и исклучително важна структурна маст во мозокот, ретината на окото и нервните клетки:
- 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е DHA.
- 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот е DHA.
Во целокупната структура на мозокот оваа масна киселина достига до - 97% од омега-3 мастите во мозокот и до 93% од омега-3 мастите во ретината на окото.
☑ DHA придонесува за одржување на нормална функција на мозокот
☑ DHA придонесува за одржување на здрав вид.
Една од најголемите промени во текот на бременоста но и по раѓањето е растот и развојот на мозокот и акумулацијата на DHA во нервното ткиво за време на последниот триместар од бременоста и првите две години од животот кај детето. За време на последниот триместар од бременоста, мозокот на бебето расте околу 260% и дополнително уште 175% за време на првата година од животот. Овој раст продолжува со дополнителни 18% за време на втората година.
Докозахексаеноичната киселина(DHA) која се наоѓа во DrLEO® BABY DHA Omega 100mg “twist-off” капсулите е од природно растително потекло, добиено од морските алги. DHA маслото од морски алги е произведено во строго контролирани лабораториски услови, прочистено во неколку фази за минимизирање на сите нечистотии и е со пријатен вкус кој ќе биде прифатлив за вашето дете.
DrLEO® BABY DHA Omega 100mg е произведен според највисоките стандарди за квалитет.
DrLEO® BABY DHA Omega 100mg е вашата безбедна и препорачана форма на DHA од масло од алги.