Dr LEO® BABY D3+K1 е храна за посебна медицинска намена препорачана од европските педијатри за предвремено родени и доносени бебиња и доенчиња на исхрана со мајчино млеко.
Dr LEO® BABY D3+K1 е наменет за диететско регулирање на рахитис и доцна хеморагиска болест на новородено.
Dr.Leo® BABY D3+K1 содржи “twist-off” капсули кои се отвораат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.
Витаминот Д3 и витаминот К1 имаат особено важна улога за здрав развој на новороденчињата и бебињата:

  • Витаминот Д придонесува за нормален раст и развој на коските и забите.
  • Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот.
  • Витаминот К придонесува за одржување на здрави коски и нормална коагулација на крвта.

Оптимална дневна доза во една капсула:
Препорачана дневна доза за витаминот Д3 е 10мкг(400и.е.) кај доенчиња кои се на исхрана со мајчино млеко. Доколку доенчето е на комбинирана исхрана (доење и адаптирано млеко) или пак е на исхрана исклучиво на адаптирано млеко тогаш лекарот може да ја прилагоди дневната доза на витамин Д3. Надополнување на витаминот Д3 се препорачува во текот на првата година од раѓање, како и од првата година до крајот на пубертетот а особено за време на поладните месеци (Октомври до Март)*. Мајчиното млеко не содржи доволни количини на витаминот К1, па затоа сите бебиња примаат витамин К1 веднаш по раѓањето. Покрај оваа еднократна доза, се препорачува надополнување на витаминот К1 во дневна доза од 25мкг почнувајќи од втората недела до крајот на третиот месец од раѓањето.
По препорака на стручни лица, доенчињата кои се хранат со мајчино млеко треба да примаат дневно 10мкг (400и.е) витамин Д3 и 25мкг витамин К1 почнувајќи од втората недела до крајот на третиот месец од раѓањето.
* Со употреба на заштитни фактори за сончање се лимитира синтезата на витаминот Д во кожата и до 99%.

Dr.Leo® BABY  D3+K1 е произведен според највисоките стандарди за квалитет.

Витамин Д3 (Cholecalciferol)……………………………………….. 10 µg (400IU)
Витамин К1 (Phytomenadione)………………………………..…. 25 µg
Останати неактивни состојки: Желатин, маслиново масло, пчелин восок, лецитин, глицерол, прочистена вода, црвен железен оксид, титаниум оксид.

1 “twist-off” капсула на ден, од втората недела до крајот на третиот месец од раѓање.

Свртете и отстранете го горниот дел од капсулата, потоа притиснете ја капсулата и содржината во капсулата истиснете ја директно во устата на бебето, на лажичка, во кашичка или помешана во млеко.

Важно! Внимавајте да не падне капсулата во устата на бебето. Истиснете ја само содржината на капсулата. Празната капсула потоа треба да се фрли.

  • Производот мора да се користи под лекарски надзор.
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза.
  • Производот не треба да го користат лица кои се преосетливи или алергични на некоја од состојките на производот.
  • Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не е наменет како замена за разновидна  исхрана.
  • Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.
  • Да се чува на места недостапни за деца.
  • Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15°Ц до 25°Ц.

30 twist-off капсули.