DrLEO® BABY D3  е храна за посебна медицинска намена препорачана од европските педијатри за новороденичиња, доенчиња и деца.
DrLEO® BABY D3
е наменет за диететско регулирање на рахитис.

DrLEO® BABY D3 содржи “twist-off” меки капсули кои се отвараат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.

Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските и забите кај децата, за нормално функционирање на имунолошкиот систем, како и за нормална апсорпција и употреба на калциумот.

DrLEO® BABY D3 е произведен според највисоките стандарди за квалитет.

ЕДНА КАПСУЛА СОДРЖИ: 10мкг(400 и.е.) витамин Д3.
ОСТАНАТИ НЕАКТИВНИ СОСТОЈКИ: маслиново масло, желатин, глицерин, прочистена вода, титаниум оксид, алура црвено

1 “twist-off” капсула дневно (10мкг / 400и.е. витамин Д3), од 8от ден од раѓање па се до крајот на пубертетот и периодот на интензивен раст.
DrLEO® BABY  D3 особено се препорачува за користење и кај предвремено родените деца и доенчиња како и во поладните месеци и периодите од недостиг на сонце.
Доколку доенчето е на комбинирана исхрана(доење и адаптирано млеко) или пак е на исхрана само со адаптирано млеко тогаш вашиот лекар може да ја прилагоди дневната доза на витамин Д според потребите.

Свртете и отстранете го горниот дел од капсулата, потоа притиснете ја капсулата и содржината во капсулата истиснете ја директно во устата на бебето, на лажичка, во кашичка или помешана во млеко.
Важно! Внимавајте да не падне капсулата во устата на бебето. Истиснете ја само содржината на капсулата. Празната капсула потоа треба да се фрли.

  • Производот мора да се користи под лекарски надзор.
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза.
  • Производот не треба да го користат деца кои се преосетливи или алергични на некоја од состојките на производот.
  • Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не е наменет како замена за разновидна  исхрана.
  • Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.
  • Да се чува на места недостапни за деца.
  • Да се чува на суво место, заштитено од светлина и влага, на температура од 15°Ц до 25°Ц.

30 twist-off капсули.