Dr LEO® Витамин А+Д3 e додаток на исхрана, создаден да придонесува за здрави коски и заби, силен имунолошки систем и здрав вид кај децата.
- Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските. Тој придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот и притоа придонесува за одржување на нормален развој на коските, мускулите и забите.
- Витаминот А придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и одржување на здрав вид.
Најлесниот начин да се добие витаминот Д се сончевите зраци. Кожата може да продуцира приближно 10 000IU витамин Д како резултат на 20-30 минутно изложување на сонце во лето, но со облеката и употребата на заштитни фактори за сончање се лимитира синтезата на витаминот Д во кожата и до 99%.