Dr LEO® BABY D3+K1 е храна за посебна медицинска намена препорачана од европските педијатри за предвремено родени и доносени бебиња и доенчиња на исхрана со мајчино млеко.
Dr LEO® BABY D3+K1 е наменет за диететско регулирање на рахитис и доцна хеморагиска болест на новородено.
Dr.Leo® BABY D3+K1 содржи “twist-off” капсули кои се отвораат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.
Витаминот Д3 и витаминот К1 имаат особено важна улога за здрав развој на новороденчињата и бебињата:
- Витаминот Д придонесува за нормален раст и развој на коските и забите.
- Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
- Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот.
- Витаминот К придонесува за одржување на здрави коски и нормална коагулација на крвта.
Оптимална дневна доза во една капсула:
Препорачана дневна доза за витаминот Д3 е 10мкг(400и.е.) кај доенчиња кои се на исхрана со мајчино млеко. Доколку доенчето е на комбинирана исхрана (доење и адаптирано млеко) или пак е на исхрана исклучиво на адаптирано млеко тогаш лекарот може да ја прилагоди дневната доза на витамин Д3. Надополнување на витаминот Д3 се препорачува во текот на првата година од раѓање, како и од првата година до крајот на пубертетот а особено за време на поладните месеци (Октомври до Март)*. Мајчиното млеко не содржи доволни количини на витаминот К1, па затоа сите бебиња примаат витамин К1 веднаш по раѓањето. Покрај оваа еднократна доза, се препорачува надополнување на витаминот К1 во дневна доза од 25мкг почнувајќи од втората недела до крајот на третиот месец од раѓањето.
По препорака на стручни лица, доенчињата кои се хранат со мајчино млеко треба да примаат дневно 10мкг (400и.е) витамин Д3 и 25мкг витамин К1 почнувајќи од втората недела до крајот на третиот месец од раѓањето.
* Со употреба на заштитни фактори за сончање се лимитира синтезата на витаминот Д во кожата и до 99%.
Dr.Leo® BABY D3+K1 е произведен според највисоките стандарди за квалитет.